
Бадем мињони
Во мала касерола на тивок оган ги ставаме да се соединат млекото, шеќерот, путерот и чоколадото.
Од кога смесата е изедначена ја ставаме да проврие 1,2 минути на тивко.
Тргаме од оган и оставаме да се излади малку.
Ги додаваме мелените бисквити и бадеми.
Убаво соединуваме.
Оставаме во фрижидер да се излади смесата.
Потоа со форма за колачи формираме штангли.
Над пареа го растопуваме чоколадото со маслото.
Секоја штангла ја потопуваме во растопено чоколадо и ја декорираме со бланширани бадеми или мелени фстаци.
Оставаме на ладно да се стегнат.
Ги ставаме во хартиени кошнички и спремни се за послужување.
Овие колачи се колона 2 од десно на сликата.
По желба може да се додаде и некоја капка амарето ликер или екстракт од бадем.
Лиценца: Сите права се задржани
Bas takvi bea