Декоративен, вкусен десерт.

Во касерола на оган се ставаат шеќерот и млекото на тивко да провријаат 2-3 минути.
Потоа се додаваат путерот и чоколадото. Се меша на оган уште 1 минута и се трга од огнот.
Се додава екстрактот од бадем. Се додаваат бадемите мелени и бисквитите.
Сега калапи за мињони се полнат до половина со млаката смеса, во средината се става по еден цел бадем и се дополнува калапчето со млаката смеса.
Така се постапува се додека не се истроши целиот материјал.
Се оставаат убаво да се стегнат.
Се спрема чоколадната глазура.
Секој мињон се потопува со бело чоколадо и се декорира со црно чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани