Бадем мињони
Состојки
- 180гр шеќер
- 40 мл млеко
- 80гр путер
- 1-2 капки екстракт од бадем
- 20- 25 зрна цел бадем
- 100гр мелени бисквити
- 180гр мелени бадеми
- 80гр црно чоколадо
- 100гр бело чоколадо за глазура
- 20гр темно чоколадо за декорација
Подготовка
Декоративен, вкусен десерт.
Во касерола на оган се ставаат шеќерот и млекото на тивко да провријаат 2-3 минути.
Потоа се додаваат путерот и чоколадото. Се меша на оган уште 1 минута и се трга од огнот.
Се додава екстрактот од бадем. Се додаваат бадемите мелени и бисквитите.
Сега калапи за мињони се полнат до половина со млаката смеса, во средината се става по еден цел бадем и се дополнува калапчето со млаката смеса.
Така се постапува се додека не се истроши целиот материјал.
Се оставаат убаво да се стегнат.
Се спрема чоколадната глазура.
Секој мињон се потопува со бело чоколадо и се декорира со црно чоколадо.