Испечати

Бадем мињони

Бадем мињони

Состојки

  • 125гр мелени бисквити со путер
  • 100гр тостирани, па грубо мелени бадеми
  • 80гр темно чоколадо
  • 70гр шеќер
  • 50мл млеко
  • 60гр путер
  • за декорација
  • 150гр чоколадо
  • 2,3лажици масло
  • бланширани зрна бадем, мелени фстаци

Подготовка

Во мала касерола на тивок оган ги ставаме да се соединат млекото, шеќерот, путерот и чоколадото.
Од кога смесата е изедначена ја ставаме да проврие 1,2 минути на тивко.
Тргаме од оган и оставаме да се излади малку.
Ги додаваме мелените бисквити и бадеми.
Убаво соединуваме.
Оставаме во фрижидер да се излади смесата.
Потоа со форма за колачи формираме штангли.
Над пареа го растопуваме чоколадото со маслото.
Секоја штангла ја потопуваме во растопено чоколадо и ја декорираме со бланширани бадеми или мелени фстаци.
Оставаме на ладно да се стегнат.
Ги ставаме во хартиени кошнички и спремни се за послужување.
Овие колачи се колона 2 од десно на сликата.
По желба може да се додаде и некоја капка амарето ликер или екстракт од бадем.