Начинот за припремата на овој ајвар особено е наменет за сите оние кои што немаат услови да си спремаат ајвар - да се печи на оган пиперот, да се лупи... да се мели и потоа да се пржи. Кремаст, вкусен... а лесна припрема, значи вака
1. Исчистениот од семето пипер и излупениот модар патлиџан ставете да се вари во 3 л. вода, во која е додаден оцетот и солта. Нека вари околу 7-8 мин.
2. Извадете и оставете да се цеди и олади.
3. Сомелете на машинката на крупната решетка.
4. Ставете во подлабока тава или тенџере кое се собира во рерната.
5. Додадете го зејтинот, измешајте и ставете во веке вклучената рерна да се печи околу 3 часа повремено промешувајки го.
6. При крај досолете по ваш вкус, соберете во тегли.

Напомена
Овој ајвар како измислен за сите оние кои што живеат во стан, а немаат друга прилика да си спремаат ајвар по нашиот традиционален начин. Ајварот исто така е добар.Лушпи нема затоа што оцетот си го завршува овој дел од работата. Доколку сакате можете да му додадете и 3-4 чешниња лук стиснат на преса.
Уживајте во лесната припрема на ајварот. Јас спремив од половина доза, печев во Делимано тавата. Верувале или не... додека се печеше ајварот во рерната - јас си расукав и резанци...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани