Афродита сос-доматен сос
Во поголем сад се ставаат-доматите исечени на парчиња, пиперките исчистени од семето и исечени, кромидот, магдоносот, целерот, биберот и ловоровиот лист.
Сите состојки се налеваат со вода и се ставаат да се варат додека не омекнат. Сварени се цедат и пасираат низ цедалка или преса и се става смесата на оган да врие. Се додава зејтинот, шеќерот, солта и на крај сенфот, рузмаринот и ориганото.
Овој сос е многу вкусен и може да се користи буквално за секоја пригода и кон секој оброк. Доматите имаат висока хранлива вредност која со варењето уште се зголемува така да никогаш не се многу и не е лошо овој сос да се има при рака.
Јас го правам во поголема количина и за зима и затоа овде издвоив доза која е доволна за проба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
fala Lile i pozz;)