Афогато - жешко кафе со сладолед
Претворете ја класичната шола кафе во прекрасен сладоледен десерт - за само неколку секунди! Едноставно прелејте вкусно кафе врз топка сладолед и оставете го сладоледот полека да се топи и да го претвори кафето во кремаст неодолив кафен десерт. Овој начин на припрема потекнува од Италија. Италијаните се познати по вкусното кафе и вкусниот (џелато) сладолед, така што овие две комбинации успеале одлично да ги спојат. Инаку, името Афогато, т.е Афогато ал кафе значи потопен, т.е потопен во кафе.
Може да користите еспресо кафе или инстант кафе и тоа нека биде убаво квалитетно кафе. Сладоледот е најдобро да биде џелато ванила, но може и карамела, страчатела или чоколадо вкус.
Подготовка:
1. Топката сладолед ставете ја во чаша за сладолед и прелејте ја со жешкото кафе. Малку промешајте, да почне да се растопува сладоледот во кафето и кафето да добива малку кремаста структура.
2. Одозгора може да ставите чоколадни трошки, карамел прелив или друго по желба.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови