
11
сеп
2014
Афионов колач со модри сливи
Со жица за матење разматете ги јајцата и шеќерот. Потоа додадете ги течните, па сувите состојки.
Смесата истурете ја во подмачкана и побрашнета тава 23х33 и одозгора рспоредете парчиња модри сливи, сецкани со големина од 1-1,5см. Доколку сливите се покисели, кој сака, можи да ги попрска со шеќер. Секако дека можи да се направи и со друго овошје, но овде пак, сливите најдобро одговараат... иако и кајсиите не се лоша идеја.
Се печи на 180С околу половина час.
Лиценца: Сите права се задржани