Aфионов карамел колач
Јајцата се матат со шеќерот додека се добие пенаста структура. Одкако убаво ќе се изматат се додава сокот, зејтинот, брашното и пецивото. Убаво се соединува со лажица и накрај се додава и афионот и се пече на хартија во тавче бр 30 околу 25 минути на 180.
Фил
Шеќерот се загрева на млака рингла додека се растопи-да добие боја на карамел.
Во растопениот карамел се истура 150мл од шлаг кремот и чоколадата и се меша додека убаво се соедини. Се остава да се олади и кон оладениот крем се додава преостанатиот шлаг крем изматен во цврста пена. Убаво се соединува и се добива прекрасен фил со вкус на карамел.
Тортата се премачкува со мармалад и над него се истура филот во подебел слој. Одкако ќе се олади убаво-ќе се здрви филот се зацврснува и убаво се сече.
Лиценца: Сите права се задржани
Lile kevski go podgotviv a isto taka go potrosivme pozzz