Апетитка со везен пипер на мој начин
Да ви ја претставам мојата апетитка, која стана неизоставен дел од спремањето зимница.
1. Доматите ги сечеме на половина и ги рендаме на ренде. Лушпата ни останува и ја фрламе. Се варат да им испари водата.
2. Пиперките ги сечеме на кругови, кога ќе испари водата ги додаваме во доматите да провријат и да омекнат, а во исто време го ставаме маслото и оцетот.
3. Целата смеса врие едно половина час, односно додека се згусне, а пиперките омекнат.
4. При крајот го ставаме сечканиот лук, шеќерот, сол по вкус, мешаме и вриеме уште некоја минута. Ја собираме во тегли.
Забелешка
Ние го сакаме вкусот пиперките, вака ни е убава апетитката и јас не го впржувам пиперот иако сум пробала и така да ја правам. Целата подготовка е во сечкањето и рендањето, вриењето е околу еден час, зависи колку ви е воден доматот. Инаку овој пат употребив индустриски домат, со многу малку семки, не толку воден и баш ми се допадна.
Лут везен пипер ставив 1 кг, затоа што беше многу лут, а вообичаено делам половина лут, половина благ.
Од оваа доза ми излегоа 12 тегли.
Лиценца: Сите права се задржани
I se mislam imav eden vakov recept objaveno ovde,lani go podgotviv, a godinava uste ne mu dosol redot :)
Инаку мислам дека добро би му дошло и малку моркови. :)
Теофанија, што повеќе да кажам освен дека си најбоља?! :)
Апетиткава е ВРВ! Вкусот е неверојатен и ме врати назад во детството. Мајка ми сеуште, за мене, ја прави најубавата апететика ама и оваа јас што ја направив сега по твојот рецепт е ИСТО добра како нејзината. Ти благодарам што ги споделуваш рецептите и така убаво ги објаснуваш. Поздрав голем од мене :)
Да ти кажам дека почувствував по малку од се,
засраменост (зошто не правам ништо особено),
гордост (зошто сакам и јас убаво објаснети рецепти), благодарност (за фотките и поздравот),
радост (зошто некој успеал во сопствено зададената цел, да направи нешто вкусно).
Поздрав !
Рецептот за апетитка ти е одличен,само има една маана, многу оди сиренце и домашно лепчееее, ха, ха поззззз