Видео рецепт: Зебра торта
Често се воодушевуваме на Зебра тортите кои ги гледаме на фотографии. Фичо со видео ќе ни покаже совршен рецепт за подготовка на ваква торта!
Подготовка
Чекор 1: Изматете ги јајцата додека да добијат пенеста структура. Додадете го шеќерот и матете додека не се стопи шеќерот. Додадете ја ванилата продолжете го матењето со жица.
Чекор 2: Во брашното додадете го прашакот за пециво и во смесата од јајца постепено додавајте го брашното, па киселата вода наизменично. Матете додека не добиете хомогена смеса.
Чекор 3: Во помал сад ставете го какаото и рaстворете го со малку вода да нема грутки.
Смесата за колачот поделете ја на два дела.
Во едниот дел додадете го какаото, другиот дел оставете го како што е.
Чекор 4: Земете округла тава од 26 см. и премачкајте ја со путер. Доколку користите Делимано нема потреба да ја премачкувате. На средината на тавата сипете прво од црната смеса, потоа од белата и се' така додека не се потрошат двете смеси. Печете на 175 степени околу 35 минути.
Чекор 5: На пареа растопете го белото чоколадо, додадете ја слатката павлака и мешајте додека смесата не се изедначи.
Чекор 6: Сервирајте парче од тортата и попрскајте го со преливот од бело чоколадо.
Доколку не можете да подготвите прелив, можете само да наросите шеќер во прав.
СОВЕТ: Се надеваме дека овој видео рецепт ќе ве мотивира да ја направите оваа торта. Доколку сакате, може третина од смесата да обоите со друга прехранбена боја и да добиете помодерна зебра. Бидете креативни!
Едно тебе, едно мене, ама сега во умот ми остана моево парче. Ајде одам да подготвувам :) :)