Видео рецепт: Торта со кафе
Денес ќе готвиме заедно со Даниела, готвач член на нашата веб-страница. Даниела ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Торта со кафе.
Старинска кремаста торта со вкус на кафе и крем готвен на пареа. Совршен десерт за секоја пригода.
Подготовка
Чекор 1: Изматете ги јајцата со шеќерот и постепено додавајте 2-3 лажици кафе, брашното и прашокот за печиво.
Потоа додадете ги оревите и промешајте.
Печете на 180 степени 20 минути или проверете со чепкалка.
Чекор 2: Јајцата изматете ги со шеќерот и ставете ги на пареа со постојано мешање. После неколку минути додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се спои со кремот, околу 15 минути. Оставете го убаво да се олади. Изматете го со маргаринот и спојте го со изладениот крем.
Чекор 3: Тестото пресечете го хоризонтално на два дела, испрскајте го со неколку лажици кафе и филувајте со веќе приготвениот крем.
Чекор 4: Декорирајте по желба со шлаг и чоколадо. Оставете да стои неколку часа во фрижидер, па сервирајте.
СОВЕТ: Овој фил е потежок за подготовка, но е незаменлив вкусот кој ќе се добие на крајот. Во тестото користете кафе по ваш вкус, кое може да го направите појако, за поинтензивен вкус.
Nevena,Katerina vi blagodaram.