Ова е навистина здрава летна салата направена од квалитетен, но евтин зеленчук кој лесно можете да го најдете на пазарите. Гравот со црна точка како и киселата павлака ви овозможуваат ова јадење да биде ваш главен оброк во топлите денови кога ви треба нешто што ќе ве освежи и истовремено ќе ве засити.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 2 домати
  • 1 краставица
  • 3 цели печени црвени пиперки
  • 1 бел кромид
  • 200 грама грав со точка
  • 1 супена лажица кисела павлака

Ќе ви треба и:

  • маслиново масло, сол и бибер

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Експрес Лонец.

Подготовка

Чекор 1: Оставете го гравот цела ноќ да стои во топла вода, потоа измијте го убаво со ладна вода и варете го 45 минути со многу сол. Задолжително користете чиста вода за варењето, бидејќи гравчињата можат да добијат нечист изглед од отстојаната вода.

Чекор 2: ВРЕМЕ Е ЗА СЕЧКАЊЕ: Ситно исечкајте ги доматите и пиперките и потоа краставицата исечкајте ја на подолги ленти. Кромидот исечкајте го на крукчиња.

Чекор 3: Сервирањето е навистина едноставно – најдолу ставете го сварениот грав и добро зачинете го со сол. Овој рецепт трпи многу сол.

Редете го зеленчукот во слоеви и одозгора ставете ја павлаката и малку маслиново масло. Можете слободно да додадете и вински оцет.

СОВЕТ: Оваа салата можете да ја јадете и како самостоен оброк, или како гарнир со скара. Би можеле да ја надополните и со свежо нане или магдонос, или пак со малку лута пиперка. Гравот со точка е одличен и како фил за тортиљи.