Видео рецепт: Рускин чоколаден колач
Денес ќе готвиме заедно со Светулка, готвач член на нашата веб-страница. Светулка ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Рускин чоколаден колач.
Постар рецепт за чоколаден колач, кој се подготвува брзо и лесно, а има раскошен вкус. Одличен избор кога ќе ви се најават повеќе гости!
Подготовка
Чекор 1: Ставете ги во сад брашното помешано со содата, солта и какаото, додадете го шеќерот и измешајте. Потоа додадете ги јогуртот и маслото и убаво измешајте за да нема грутчиња.
Чекор 2: Истурете ја смесата во Ростер тавата и ставете да се пече во загреана рерна на 220С додека тестото не се крене и не фати кора, или 5-10 минути. Потоа намалете на 180С и печете околу 300 минути, или кога чепкалката ќе излезе сува. Извадете го и оставете го сосема да се олади во тавата.
Чекор 3: За подготовка на филот, ставете ги во лонец млекото, шеќерот, ванилата и чоколадото, и мешајте додека се растопи чоколадото. Оревите измелете ги. Потоа исклучете, додадете ги и оревите и убаво промешајте.
Чекор 4: Кога колачот е скоро оладен, убаво и густо избоцкајте го со вилушка. Прелијте го со топлиот фил и оставете да се олади. Уше подобар е ако го спремате еден ден порано.
Чекор 5: Пред сервирање посипете го со уште малку ореви и послужете.
СОВЕТ: Наместо ореви, во филот може да се употребат други јатки, како лешници или бадеми. Доколку не сакате да употребите јатки, може да го направите и со кокос.
Малку сум отсутна поради обврски, но кога можам погледнувам што има ново од вас.