Видео рецепт: Рижото од печено грозје
Печеното грозје е неверојатно – тоа е одлично и само, меѓутоа ние сега подготвуваме рецепт за Рижото со печено грозје, со бадеми и суво грозје. Одлично летно јадење.
Состојки
- Црно грозје
- 1 кромид
- 200 грама ориз
- Една рака бадеми
- Една рака суво грозје
Од течни состојки ќе ви треба:
- ½ црвено вино
- ½ вода
Ќе ви треба и:
- Маслиново масло, сол и бибер
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица и Тава за пржење.
Подготовка
Чекор 1: Почнете со печење на грозјето – не додавајте ништо бидејќи грозјето само по себе дава интензивен вкус. Печете 20 минути на 150 степени.
Чекор 2: Започнете со подготовката на рижотото. Измешајте течност од 2 чаши црвено вино со 2 чаши вода. Запржете го кромидот и додадете ги бадемите, сувото грозје и оризот. Овој рецепт можете да го подготвите и без кромид бидејќи има доста состојки со силен вкус. Смесата запржете ја малку и потоа полека додавајте ја течноста. Ова е рижото, па затоа полека комбинирајте ги вкусовите и гответе го оризот на тивко во течностите.
Кон крај на процесот додадете го другото грозје и подготвени сте да го послужите кога оризот ќе омекне и ќе добие сјај.
Уживајте во овој рецепт во преубав двор со поглед на лозје и романтично зајдисонце!
СОВЕТ: Експериментирајте со грозјето при подготовка на голем број солени рецепти – обидете се со пилешки гради полнети со грозје и бадеми или додадете го во Кус кус салатите за повеќе боја и поинтензивен овошен вкус!