Да! Пилешко и лубеница – лубениците ги има во 18 различни врсти насекаде низ светот, а сигурни сме дека можеме да најдеме најмалку 18 различни рецепти доколку се потрудиме. Ова е еден едноставен ручек од пилешко и лубеница кој се послужува со ориз или друг гарнир по ваш избор.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 2 пилешки копани со поткопани
  • 3 резанки лубеница
  • 200 грама ориз

Ќе ви треба и:

  • Масло за пржење, сол и бибер

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола.

Подготовка

Чекор 1: Исечкајте ја лубеницата и зачинете ја со бибер. Тоа е одлична комбинација, а и ќе го зајакне финалниот вкус.

Убаво зачинете го пилешкото и на почетокот пржете го со кожата надолу за таа да добие златна боја и да биде крцкава. Додадете ги и парчињата лубеница. Некои од нив можете да ги додадете и со кората. Не заборавајте дека и таа содржи некои корисни состојки!

Чекор 2: Затворете ја Касеролата со капакот и оставете со помош на пареата да се измешаат вкусовите и да се создаде вкусен сос.

Чекор 3: Послужете со ориз и слободно додадете малку свежо нане!

СОВЕТ: Ова е вкусно освежувачко јадење за чија подготовка ќе ја искористите лубеницата која и така ја имате во фрижидер, во секое време, во текот на летото. Замислете, купувате лубеница од 10 кг, а ќе изедете само ½ од не, дури и со помош од пријателите, а – што со остатокот? Ова е вистинскиот одговор во топлите летни денови.