Видео рецепт: Пилешко со кари, мајонез и џем од кајсии
Постојат многу гласини за потеклото на ова јадење, но најверојатната приказна е дека е воведено за крунисувањето на Кралицата Елизабета II во 1952 со цел да се претстават националностите на Комонвелтот. Ова јадење е мешавина од индиската и другите кујни – малку е невообичаено, но истовремено е и прекрасно!
Состојки
- 2 пилешки стека
- 2 супени лажици мајонез
- 1 супена лажица џем од кајсии
- 2 лажички кари во прав
- 1 рака суво грозје
- 150 грама ориз
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
За употреба на овој рецепт користиме Делимано Грил тава и Сет 2 сада за матење.
Подготовка
Чекор 1: Зачинете ги стековите со сол и бибер и испечете ги на Делимано грил тавата – за помалку калории испечете го пилешкото во рерна.
Чекор 2: Земете еден подлабок сад и во него убаво измешајте го мајонезот, џемот од кајсии и карито. Додадете го и сувото грозје и пилешкото исечкано на парчиња. Добро измешајте додека е сè уште топло пилешкото, за убаво да се комбинираат вкусовите.
Чекор 3: Послужете со ориз и добивате едноставен и брз летен оброк.
СОВЕТ: Овој рецепт за подготовка на пилешко месо често се консумира и ладен, па затоа можете да го оставите во фрижидер во текот на ноќта и да го користите како полнење за сендвичи или за полнети компири. Може, исто така, да се подготви и со џем од праска или пак со компот од манго доколку имате!
Mnogu interesno i mi izgleda vkusno,bi probala... :/ :))