Фичо ќе ни покаже одлична идеја за комплетен ручек со полнето пилешко, пире и зеленчук.

Подготовка

Чекор 1: Секое парче од пилешкиот стек исечете го како џеб. Во сад измешајте ја фетата, кората од лимон и додадете ги изблендираните ореви и црвен бибер.

Чекор 2: Смарт лонецот ставете го на рингла да проврие и додадете ги лукот и компирите да се варат. Затворете го и оставете да се вари 15-20 минути.

Чекор 3: Стековите наполнете ги со смесата од фета и испржете ги од двете страни по две минути. Потоа префрлете ги во тава за печење и печете ги 15 минути на 200 степени.

Чекор 4: Ставете ја боранијата во вода да проврие, но внимавајте да не се превари. треба да е малку крцкава. Од компирите направете пире и послужете.

СОВЕТ: Филот од фета, кора од лимон, ореви и бибер може да се јаде и непечен, како салата или крем со солено пециво.