Видео рецепт: Пилешко со фил од фета и пире со лук
Состојки
- 500 гр. пилешки стек
- 250 гр. фета сирење
- кора од 2 лимони
- 10 зрна црвен бибер (или по желба)
- 1 рака ореви
- 1 кг. компири
- 6 чешниња лук
- 1 рака зелена боранија
Фичо ќе ни покаже одлична идеја за комплетен ручек со полнето пилешко, пире и зеленчук.
Подготовка
Чекор 1: Секое парче од пилешкиот стек исечете го како џеб. Во сад измешајте ја фетата, кората од лимон и додадете ги изблендираните ореви и црвен бибер.
Чекор 2: Смарт лонецот ставете го на рингла да проврие и додадете ги лукот и компирите да се варат. Затворете го и оставете да се вари 15-20 минути.
Чекор 3: Стековите наполнете ги со смесата од фета и испржете ги од двете страни по две минути. Потоа префрлете ги во тава за печење и печете ги 15 минути на 200 степени.
Чекор 4: Ставете ја боранијата во вода да проврие, но внимавајте да не се превари. треба да е малку крцкава. Од компирите направете пире и послужете.
СОВЕТ: Филот од фета, кора од лимон, ореви и бибер може да се јаде и непечен, како салата или крем со солено пециво.