Видео рецепт: Пилешка егзотика
Фичо ќе ви покаже како да го искористите најновото тавче на Делимано со една Пилешка Егзотика! Се работи за Трилогија Диеталниот сад од Делимано. Пробајте го и раскажете ги вашите искуства!
Подготовка
Чекор 1: Една рака суви кајсии ги ставате во зовриена вода и ги оставате да стојат околу 15 минути.
Потоа земате 2-3 парчиња свеж пилешки стек, го сечете на парчиња како што тоа го направи Фичо, го зачинувате со црвен пипер, црн бибер, го посолувате и го оставате и него да отстои – на тој начин месото ќе ги впие зачините.
Чекор 2: Земате главица кромид, ја сечкате на покрупни парчиња, како што ви покажа Фичо во видеото, малце го пропржувате на посилен оган, потоа го намалувате оганот и го додавате пилешкото да се потпржи со малку бело вино.
Потоа го оставате да се динста со уште малку бело вино.
Чекор 3: Потоа ги цедите кајсиите од водата и ги додавате во пилешкото, па ги додавате крупно исечканите Пелати домати и крем павлаката.
Чекор 4: Поклопувате со капак и динстате околу 15-20 минути. Во овој сад не е потребно долго готвење, но Фичо реши да ги остави подолго од предвиденото, за да ги спои вкусовите и да добие вистинска егзотика!
Чекор 5: Откако ќе биде добро зготвено сервирате врз листови марула, со убаво лепче.
СОВЕТ: Кајсиите и крем павлаката ќе го пребијат киселиот вкус на Пелати доматите, така немате потреба да користите шеќер. Секогаш користете млечна крем павлака, од причина што е по здрава и далеку повкусна! Избегнувајте го саламуреното месо! –Саламурата ги уништува сите корисни работи во месото!
Интересна комбинација, не знам дома како ќе реагираат на „вкусовита“, ама јас знам дека после постот ќе го правам јадењево!
И ние отпрво бевме скептични, но срам ни е да ви кажеме за колку кратко време го изедовме цело :))