Да бидеме искрени, праските се сами по себе фантастични, но би било штета максимално да не ја искористиме сезоната на праски и да го игнорираме вкусот и свежината на ова извонредно овошје… Еве еден рецепт кој многу ќе ви се допадне!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 4 праски со средна големина
  • 4 супени лажици павлака
  • 16 слатки бисквити
  • 75 грама путер
  • Мед (за декорација на крај)

Подготовка

Чекор 1: Земете зрели и сочни праски... Пресечете ги на половина и извадете ги семките… За овој рецепт користиме праски со средна големина.

Чекор 2: Пред да ги пржиме бисквитите во путерот, треба да ги издробиме на мали парчиња… Земете парче целофан... Во него ставете ги бисквитите... Преклопете го целофанот од сите страни и изгмечете ги со дебела сукалка или некој тежок предмет додека сите бисквити да бидат изгмечени на мали парчиња...

Чекор 3: Стопете го путерот на среден оган и ставете ги парчињата бисквити… Убаво измешајте и пржете ги неколку минути… Пржењето на бисквитите ќе им овозможи на шеќерот и путерот да се спојат и да создадат вкус на карамела…

Чекор 4: Ставете ги праските пресечени на половина во тавата за рерна… И потоа со лажица ставете обилна количина од смесата од путер и бисквити… Тавата ставете ја во рерна и печете 30 минути на температура од 150 степени.

Чекор 5: Извадете ја тавата од рерна и оставете ја да се излади 10 минути пред да ги сервирате праските.

Чекор 6: Време е за сервирање: Сервирајте на чинија со лажица павлака и декорирајте одозгора со темен мед за дополнителен сладок вкус…

СОВЕТ: Овие праски полнети со различни убави нешта се ПРЕВКУСНИ! Ова е толку едноставен рецепт кој е релативно ефтин за правење… Повеќето состојки веројатно ги имате во кујната…

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење; Ростер
Тава за пржењеРостер