Видео рецепт: Паштета од печурки
Ова е вкусна путереста паштета од печурки која толку лесно се прави и има одличен вкус намачкана на порпечен леб, па дури и кога ја јадете со лажица. Печурките, лукот и путерот отсекогаш биле одлична комбинација и еве еден рецепт во кој можете да уживате студен од фрижидер кога и да огладните!
Состојки
- 10 печурки
- Половина главица бел кромид
- 2 чешниња лук
- 1 супена лажица мајчина душица
- 125 грама путер (или маргарин)
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сецкање: Исечкајте ги лукот и кромидот. Не морате да бидете многу уредни затоа што подоцна ќе ги изблендираме заедно.
Печурките исечкајте ги на тенки парчиња.
Чекор 2: Земете средна тава за пржење и почнете во неа да го топите путерот, а потоа ставете ги печурките, кромидот и лукот и полека крчкајте ги. Сакаме да го омекнеме зеленчукот и путерот да го впие вкусот на рецептот. По неколку минути додадете ја мајчината душица и продолжете да ги крчкате состојките. Зачинете со сол и бибер.
Откако ќе ги крчкате 7-8 минути, тргнете ги од огнот и ставете ги во длабок сад. изблендирајте ја смесата неколку минути додека да стане мазна и ставете ја во длабок сад. Паштетата ја гарнираме со две пржени парчиња печурка и 4 мали ореви.
Ставете ја паштетата во фрижидер да отстои најмалку 1 час пред да ја сервирате.
Чекор 3: Потпечете 4 кришки леб на грил тавата. Со четка намачкајте ги со масло за да добијат поубава боја.
Чекор 4: Време е за сервирање: Извадете ја паштетата од фрижидер и сервирајте ја на чинија со неколку парчиња леб. Не морате да ставате уште путер затоа што паштетата веќе содржи повеќе од доволно!
СОВЕТ: Паштетата потекнува од Франција, но секоја земја има свои верзии. На интернет страницата веќе направивме пилешка паштета, но можете да ни испратите и други рецепти кои ќе ги споделиме со членовите на moirecepti.mk
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Грил тава