Фичо ќе ни даде идеја за брз и вкусен десерт од кори, нутела и путер, зачинети со сол за балансирање на вкусот.

Подготовка

Чекор 1: Отворете една кора. Една кора е една пура. Секоја кора премачкајте ја со растопен путер. Врз секоја кора намачкајте една линија Нутела крем. Замотајте ја кората како бурито, премачкајте со путер и наросете хималајска сол. Внимателно со солта, сепак станува збор за десерт. Повторете го ова со сите кори.

Чекор 2: Наредете ги пурите во Ростер тавата и печете на 200 степени 10-15 минути, додека не добијат златно жолта боја.

Чекор 3: Сервирајте!

СОВЕТ: Овој рецепт има само неколку состојки, но комбинацијата на вкусови е одлично вклопена – нема да може да престанете да јадете.