Багелот во денешно време се поврзува со градот Њујорк и неговата развиена култура на кафетерии и сендвичари, но во Америка го донеле Еврејските емигранти и до ден денес тој останува Еврејски рецепт кој сега е популарен низ целиот свет. Багелите прво се пошираат во жешка вода, а потоа се печат во рерна.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 1 пакување чаден лосос
  • 200 грама крем сирење
  • 2 кафени лажички квасец
  • Една ипол супена лажица шеќер
  • 300 милилитри топла вода
  • 500 грама брашно
  • Една ипол кафена лажичка сол

Вид на оброк: Појадок
Комплексност: Средно
Лица: 8
Време на подготовка: 30-60 мин

Подготовка

Чекор 1: За да се активира квасецот, ќе го измешаме со топла вода и шеќер. Оставете го да отстои 5 минути додека да почне да прави пена.

Чекор 2: Потоа ставете ги брашното и солта во голем сад. Измешајте ги и направете дупка во средината во која ќе ја сипете смесата со квасецот. Измешајте ги сите состојки во садот со лажица, превртете го тестото од садот на работната површина и продолжете да го месите тестото со раце најмалку 5 минути.

Чекор 3: Покријте го тестото во сад намачкан со брашно или масло и оставете го да стасува еден час на топло место.

Чекор 4: Размесете го тестото и свиткајте го во долга рамномерна ролна. Исечете го на 8 парчиња. Од овој рецепт исто така можете да направите и 6 големи багела. Со раце направете топчиња од парчињата тесто и оставете ги да отстојат уште 10 до 15 минути покриени со крпа.

Чекор 5: Со прст направете дупка на средината од топчињата. Полесно ќе Ви оди ако на прстот ставите брашно.

Чекор 6: Зовријте малку вода со една супена лажица шеќер и во неа поширајте го секој багел 1 минута, вртејќи го од другата страна по 30 секунди. Багелите треба да останат на површината на водата.

Чекор 7: Кога ќе завршите со поширањето, печете ги сите багели заедно во рерна загреана на температура од 200 степени 20 минути. Оставете ги да се изладат и пресечете ги на половина пред сервирањето. Ние ги сервираме со крем сирење, чаден лосос и свежа миродија. И малку кисели краставички.

СОВЕТ: Процесот на поширање го прави тестото на багелите потврдо и неверојатно е колку тие заситуваат. Обидете се со било која комбинација на филови и потпечете ги неколку дена подоцна ако сакате да ги освежите! Овде во Мои Рецепти веќе размисливаме за слатки варијанти на багел со цимет и суво грозје 

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава со рачки ; Сет тави за пица
Тава со рачкиСет тави за пица