Грчки полнети црни домати - Melitzanes Papoutsakia
Ова е грчки специјалитет, името значи чевличка, затоа што личи на неа.
Во Гевгелија исто многу се користи зборот папуци-чевли, влечки.....
Вкусно, декоративно јадење
Пробајте го.
Прво црните домати се мијаат, се бришат и се делат на половина по должина.
Со помош на алатка им се вади средината.
Се попрскуваат со 1-2 капки маслиново масло и се ставаат во загреана рерна да се печат околу 15 минути.
За тоа време се спрема филот.
На загреано маслиново масло се пропржуваат кромидот и морковот.
Се додава месото, се зачинува по вкус. Се налива виното и се крчка се додека не испари течноста.
Дел од извадената срцевина се сече на ситни коцки и таа се става кај месото да се запржи.
Убаво сето се соединува и на крај се додава магдоносот.
Со оваа смеса се полнат папуцаките - црни домати.
Врз нив се става по 2 кришки црвен домат.
Се ставаат во рерна и се печат 20 минути.
За тоа време се спрема бешамелот.
Во касерола се ставаат путерот и маслиновото масло.
Се додава брашното, кратко се запржува и се налива со млеко и јогурт.
Се меша со жица, за да не се створат грутчиња.
Се зачинува со морско оревче, сол, бибер.
Се вадат од рерна им се става по една полна лажица на секое парче и по еден лист кашкавал.
Се враќаат во рерна и се запекуваат уште 10 минути.
На здравје
До колку не ви одговара цимет во јадењето не го ставајте.
Исто во бешамелот користете само млеко, јас редовно го правам млеко и јогурт, така ни е повкусен.
Лиценца: Сите права се задржани