Видео рецепт: Mекици со карфиол
Фичо ќе направи мекици, со малку поинаков вкус и текстура. Навистина интересен рецепт.
Подготовка
Чекор 1: Главицата карфиол иситнете ја убаво.
Чекор 2: Квасецот ставете го во малку вода со една лажичка шеќер да нарасне. Во сад за матење додадете го брашното, јајцето, солта и стасаниот квасец. Замесете лепливо тесто и додадете го карфиолот. Месете додека убаво да се спојат и оставете го на страна да стаса.
Чекор 3: Во длабока тава ставете повеќе масло да се згрее на средна температура. Во помал сад во ваша близина ставете масло и пред да формирате мекица, премачкајте ги дланките за да не ви се лепи тестото. Пржете ги мекиците во маслото.
Чекор 4: Сервирајте ги со овчо сирење или јогурт, по желба.
СОВЕТ: Доколку сакате посни мекици, не го додавајте јајцето.