Видео рецепт: Мафини со срциња
Денес ќе готвиме заедно со Надица, готвач член на нашата веб-страница. Надица ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Мафини со срциња.
Ванила мафини со црвени срциња и лесен фил од пудинг и слатка павлака.
Подготовка
Чекор 1: Изматете ги шеќерот и омекнатиот маргарин. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно и изматете. Во смесата додајте сода, прашок за пециво, ванилин шеќер и брашно. Постепено додавајте го млекото и измешајте ја смесата рамномерно.
Се смешува смесата и се вади дел од неа. Во делчето додаваме црвена боја и убаво промешуваме да се соедини. Печеме во помал сад. Печеното пандишпанче го превртувваме на и вадиме форми на срциња.Во садот во кој ќе ги печеме мафините ставаме од белата смеса па потоа срцето исправено во средина на мафината. Покриваме пак со смеса.Печеме во претходно вжештена рерна а потоа намалена на 150.Проверуваме со чепкалка колку е печено.Така подготвените мафини ги оставаме да изладат а потоа ги украсуваме со шлаг крем и останати декорации по желба.
Чекор 2: Извадете една третина од смесата и додајте црвена боја, промешајте и ставете ја во загреана рерна на 180 степени, околу 10 минути, или проверете со чепкалка. Потоа од тестото со калап вадете срциња.
Чекор 3: Во калапите за мафини ставете од белата смеса, па црвеното срце во средина, па покријте ги со смесата. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 12 минути.
Чекор 4: Во меѓувреме подгответе го пудингот според упатството, со млеко и шеќер, па оставете го да се излади. Изматете ја слатката павлака, па потоа изматете ги заедно со пудингот. Со шприц декорирајте ги изладените мафини, а најгоре со чепкалка прикачете по едно срце.
СОВЕТ: Овој рецепт ќе ги израдува вашите сакани за кои ќе го подготвите... секој ден е убав ден да ја покажете вашата љубов.