Видео рецепт: Лосос во сос од портокал
Фичо ќе го подготви популарниот рецепт за Лосос во сос од портокали и прилог од компир со блитва.
Подготовка
Чекор 1: Парчето лосос убаво измасирајте го со маслиново масло и сок од 1 портокал. Додадете малку рузмарин и оставете го одмори.
Чекор 2: Компирите излупете ги и ставете ги да се варат.
Чекор 3: Во Садот за сос ставете 2 шолји сок од портокал и зачинете го со неколку коцки свеж ѓумбир. Оставете го да зоврие на средна температура, сè додека не се намали на половина. Додадете малку густин, промешајте и сосот е готов.
Чекор 4: Сварениот компир тргнете го на страна да се олади, а за тоа време исечкајте главица кромид, китка блитва и лук. Вок тавата ставете ја на оган, додадете малку маслиново, пропржете го лукчето, па кромидот, компирот и на крај додадете ја блитвата. Пропржете додека не омекне блитвата. Подлогата е готова!
Чекор 5: На оган ставете ја тавата за пржење и загрејте ја на средно висока температура. Кога имате парче риба со кожа, секогаш пржете прво од страната на кожата. Така месото ќе има подобра структура и ќе биде подобро спремено. Печете 4-6 минути за да биде добро печено. Подолго печете на страната со кожата, 4 минути, 2 минути од другата страна.
Чекор 6: Сервирајте од пирето и лососот прелиен со малку сос од портокал!
СОВЕТ: Ова е необична комбинација на вкусови, па ви препорачуваме сосот да го оставите на страна, за секој да стави количина според својот вкус.