Видео рецепт: Крокети со ориз и сирење
Денес ќе готвиме заедно со Лудо, готвач член на нашата веб-страница. Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Крокети со ориз и сирење.
Брз и лесен рецепт за крокети кои може да ги подготвите од преостанатиот сварен ориз. Одлично мезе или прилог со ручекот.
Подготовка
Чекор 1: Најпрво ставете го оризот да се вари во зовриена вода, на средна температура. Мешајте повремено за да се зготви рамномерно. Кога ќе испари водата и ќе се свари оризот, оставете го да се олади. Издробете го или изрендајте го сирењето. Додадете го во изладениот ориз, зачинете со сол и бибер, па додадете го јајцето и убаво измешајте да се соедини.
Чекор 2: Од смесата направете ќофтенца или стапчиња. Изматете го јајцето. Секое ќофтенце потопете го во изматеното јајце, извалкајте го во презла и пржете го во загреано масло од двете страни, додека да зарумени. Редете ги на салфета да се исцеди маснотијата.
Ако немате презла, крокетите може да се похуваат и со нишесте.
Чекор 3: Сервирајте ги како мезе со салата, или како прилог на ручекот.
СОВЕТ: Доколку сакате во смесата од ориз и сирење може да не ставите јајце, а може да додадете и зачини по желба.