Во еден сад ставете го сирењето и додајте сол по вкус потоа додајте ги јајцата и мешајте со лажица додека да се соединат.
На крај додајте брашно по потреба. Смесата не треба да ви биде ни многу течна ни многу густа. Треба да биде средно, кога ќе земете со лажица за да ставете да се печи треба да остане на лажицата, а не да тече од лажицата.
Од смесата се зема со помош на една лажица и се става да се пржи во претходно загреан зејтин.
Печете додека да зацрвенат две страни на крокетот. Откако ќе ги испржите ставте ги на кујнска хартија да го впијат вишокот на зејтин и сервирајте. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани