Денес Фичо ќе ни покаже како да направиме лесна, брза, но и многу вкусна крем супа од компири.

Подготовка

Чекор 1: Излупените компири ставете ги во Експрес лонецот да се варат. Додадете коцка за пилешки бујон. Додадете го и целерот исецкан на помали парчиња од компирот за да може да се сварат во исто време. Додадете и еден кромид исецкан на четири парчиња, 4 чешниња лукче, прстофат сол, црн бибер и маслиново масло. Затворете го капакот и варете околку 10 минути. Доколку го преварите не е страшно.

Чекор 2: Од како ќе се сварени компирот и останатите зеленчуци, целата смеса испасирајте ја. На испасираната смеса додадете го маслиновото масло и павлаката за готвење и почекајте да проврие.

Чекор 3: Сервирајте по желба или искористете ја идејата на Фичо!

СОВЕТ: Оваа крем супа не се подгрева, бидејќи компирот оксидира. Потрудете се да се изеде веднаш по приготвувањето. Ако постите, употребете бујон од зеленчук.