Фичо ќе подготви американски колач со путер од кикирики и квики переци. Интересна комбинација на слатко со солено.

Подготовка

Чекор 1: Чајните колачиња мелете ги додека не добиете фино мелена смеса. Додадете го путерот, измешајте ја смесата да се спои убаво и распоредете ја рамномерно по тавата. Притиснете убаво за да не ви се распаѓа смесата. Зависно од видот на биксвитите, додадете повеќе путер, за убаво да се натопат.

Оставете ја смесата 1 час во фрижидер да отстои.

Чекор 2: Путерот од кикирики и обичниот путер измешајте ги убаво. Додадете го екстрактот од ванила, солта и шеќерот во прав. Измешајте повторно да се изедначи смесата.

Чекор 3: Извадете ја подлогата од фрижидер и прелејте ја со филот. Притиснете убаво да се спојат двете смеси. Половина од переците искршете ги на делови и ставете ги врз филот, а останатата половина тргнете ја на страна.

Чекор 4: За преливот, ставете ги чоколадите и маргаринот на тивок оган и мешајте додека се стопат. Подизладено прелејте го врз остатокот од колачот и украсете го со преостанатите переци. Оставете го во фрижидер 30 минути.

Чекор 5: Послужете парче и декорирајте по желба.

СОВЕТ: Фичо во овој рецепт стави 2 шолји шеќер во прав, но ако не сакате многу благо, вие ставете само една.