Видео рецепт: Kолач со путер од кикирики и переци
Состојки
- За ТЕСТОТО ќе ви треба:
- 250 гр. пакувања чајни колачи
- 6-8 лажици путер
- За ФИЛОТ ќе ви треба:
- 2 шолји путер од кикирики
- половина шолја путер
- прстофат сол
- 1 лажиче екстракт од ванила
- 2 шолји ( 300 грама) шеќер во прав
- За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
- 2 лажици маргарин
- 200 гр. млечно чоколадо
- 180 гр. темно чоколадо
- Ќе ви треба и:
- 100 гр. переци
Фичо ќе подготви американски колач со путер од кикирики и квики переци. Интересна комбинација на слатко со солено.
Подготовка
Чекор 1: Чајните колачиња мелете ги додека не добиете фино мелена смеса. Додадете го путерот, измешајте ја смесата да се спои убаво и распоредете ја рамномерно по тавата. Притиснете убаво за да не ви се распаѓа смесата. Зависно од видот на биксвитите, додадете повеќе путер, за убаво да се натопат.
Оставете ја смесата 1 час во фрижидер да отстои.
Чекор 2: Путерот од кикирики и обичниот путер измешајте ги убаво. Додадете го екстрактот од ванила, солта и шеќерот во прав. Измешајте повторно да се изедначи смесата.
Чекор 3: Извадете ја подлогата од фрижидер и прелејте ја со филот. Притиснете убаво да се спојат двете смеси. Половина од переците искршете ги на делови и ставете ги врз филот, а останатата половина тргнете ја на страна.
Чекор 4: За преливот, ставете ги чоколадите и маргаринот на тивок оган и мешајте додека се стопат. Подизладено прелејте го врз остатокот од колачот и украсете го со преостанатите переци. Оставете го во фрижидер 30 минути.
Чекор 5: Послужете парче и декорирајте по желба.
СОВЕТ: Фичо во овој рецепт стави 2 шолји шеќер во прав, но ако не сакате многу благо, вие ставете само една.