Видео рецепт: Фламбирани палачинки
Фичо ќе прави палачинки во сос од портокал и путер, фламбирани со коњак. Одличен десерт, дури и без оганот!
Подготовка
Чекор 1: Сите состојки за палачинки измешајте додека не добиете хомогена смеса. Направете неколку палачинки, премачкајте ги со тенок слој Нутела, завиткајте ги како триаголници и тргнете ги на страна.
Чекор 2: Во тавата ставете шеќер колку да го покриете дното. Почекајте го да се стопи и додадете го путерот. Потоа додадете сок од портокал и оставете да проврие. Срцевината на портокалот исечкајте ја на резанки и додадете ја во сосот.
Чекор 3: На крај додадете го ликерот или коњакот и оставете ги палачинките да се фламбираат.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Палачинките подготвени само со сосот од портокал и путер се многу вкусни, а делот со коњакот и фламбирањето е по желба. Сепак доколку сакате да пробате фламбирани палачинки, ќе мора да го направите и овој чекор.