Храната од Блискиот Исток е навистина популарна насекаде низ светот, а за тоа има добра причина – таа е неверојатно свежа и многу здрава. Оваа салата е добро позната во регионот и постојат неколку нејзини варијации во сите домаќинства. Традиционално се подготвува со тортиља, меѓутоа ние користиме парчиња чиабата леб пржени во масло.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 1 кромид
  • Една рака ротквици
  • ½ голема краставица
  • Сок од 2 лимони
  • ½ векна чиабата леб
  • 3-4 големи домати
  • 1 зелена пиперка
  • Една рака чешниња лук
  • Листови зелена салата
  • Една рака свежа рукола
  • Сончогледово масло за пржење

Ќе ви треба и:

  • Маслиново масло, сол и бибер

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Длабок сад со рачки.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање – почнете со зеленчукот. Краставиците и пиперките исечкајте ги на ленти, доматите на резанки и ротквиците на кругови. Исечкајте ги и листовите зелена салата и руколата. Сите состојки ставете ги во една чинија. Не се грижете за изгледот бидејќи сето ова секако подоцна ќе го измешаме.

Чекор 2: Исечкајте го лебот на еднакви парчиња, меѓутоа внимавајте да не бидат многу големи или дебели, туку мали залчиња кои идеално се комбинираат со останатите состојки! Пржете ги во чисто масло додека да добијат златна боја и оставете ги на хартиена салфетка да се исцедат.

Чекор 3: За подготовка на преливот, исцедете го сокот од лимоните и измешајте го со маслиновото масло и со ситно исечканиот лук. Додадете го сосот во салатата и убаво измешајте ја. Подготовката на Фатуш салатата може да биде малку неуредна, меѓутоа навистина е важно да се измешаат сите вкусови. Добро зачинете и, доколку сакате, можете да додадете и малку вински оцет.

СОВЕТ: Фатуш салатата може да се послужи свежа веднаш по подготовката, како оброк во топлите летни денови. Ви препорачуваме да ја пробате и како гарнир со пилешко маринирано со лимон и црн бибер подготвено на скара!