Видео рецепт: Домашни тортици со овошен фил
Фичо ќе приготви домашни тортици, по рецепт на една од нашите најактивни членки, Теофанија.
Подготовка
Чекор 1: Изматете ги жолчките со шеќерот во прав. Млекото и путерот ставете ги на тивок оган додека не се растопи путерот. Смесата од путер соединете ја со жолчките и постепено со просејување додадете го брашното.
Чекор 2: Белките изматете ги со малку сол и 1 лажица шеќер додека да добиете цврст крем. Кремот од белки лажица по лажица додавајте го во смесата со жолчки. Матете со шпатула полека за да се задржи воздухот во смесата.
Чекор 3: Сипете ја смесата во тавата и печете во загреана рерна на 180 степени 11-12 минути. По печењето тестото треба да лепи на прсти. Оставете да се олади, потоа сечете во посакуваната форма.
Чекор 4: Шумското овошје ставете го на оган заедно со шеќерот. Нека провријат околу 5-6 минути да се згусне. Тргнете од оган, додадете 4 лажици слатка павлака и вратете на оган. Внимавајте да не почне да врие. Повторно тргнете од оган и додадете го белото чоколадо. Ставете ја смесата во Нутрибулет и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Чекор 5: Тестото пресечете го на половина и едната половина премачкајте ја со филот од овошје. Преклопете со другата половина од тестото и ставете во фрижидер да се стегне.
Чекор 6: Декорирајте со растопено чоколадо и сервирајте!
СОВЕТ: За фил не мора да користите шумско овошје, употребете овошје по ваш вкус.
Само Теофанија заборавила таму во рецептот да напише дека филот малку треба да подолади, да се стегне пред да се мачка на корите, за да се стави повеќе од него, ама и вака перфектно изгледаат :):):)
Пријатно сум изненадена утрово, поздрав МР и се гледаме во кујна:)
Те чекаме со нетрпение! И тебе, а и сите други активни членки кои сакаат да ни дојдат на гости, кај Фичо. Пишете ни порака :)