Фичо ќе ни ја покаже неговата верзија на домашен „Киндер“ колач, со чоколадно тесто и млечен крем.

Подготовка

Чекор 1: Жолчките изматете ги со шеќерот и пудингот. Откако убаво ќе се соединат, додадете го маслото. На страна измешајте го просеаното брашно, прашокот за пециво и какаото и додадете ги во изматената смеса. Додадете ги и изматените белки и мешајте да добиете еднолична смеса. Печете на 180 степени, 20 минути.

Чекор 2: Слатката павлака изматете ја. Многу е важно да ја матите додека е ладна бидејќи така добива подобра структура и подобро се мати. Додадете го медот и ванилиниот шеќер. Откако ќе се зацврсне павлаката, додадете го кондензираното млеко и матете ги заедно додека не добиете цврст крем. Изматениот крем ставете го во фрижидер.

Чекор 3: На пареа ставете го чоколадото за готвење да се растопи заедно со маргаринот и шеќерот.

Чекор 4: Испечениот бисквит исечете го на две кори, филувајте го со кремот и прелејте го со глазурата. Оставете го во фрижидер да се олади и сервирајте коцки.

СОВЕТ: Во кремот може да додадете и една кесичка желатин растопен во малку млака вода,за да добиете цврсти и правилни парчиња колачи .