Видео рецепт: Делимано Грил оброк
Овој рецепт е полн со вкусови засилени со тоа што сите состојки ги готвевме во Грил тавата… Одлична летна вечера без јаглени хидрати, лесна за готвење и лесна за подготовка.
Состојки
- 2 парчиња пилешки гради
- 1 главица црвен кромид
- 1 тиквичка со средна големина
- Чери домати
- Балсамиран оцет или глазура
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање: Ќе почнеме со подготовка на зеленчукот. Отсечете ги краевите на тиквичката и потоа исечкајте ја по должина за да добиете долги ленти за во грил тавата.
Потоа исечете го црвениот кромид на кругови и тргнете го средниот круг.
Засечете ги пилешките гради за побргу да се зготват…
Чекор 2: Време е за грил: Загрејте ја Грил тавата на висока температура, а пилешкото зачинете го со маслиново масло, сол и бибер и ставете го во грил тавата. На почетокот почесто вртете го за да се потпече однадвор и да го задржи вкусот, а подоцна повремено вртете го хоризонтално и вертикално за пилешкото да добие шара од вкрстени линии.
Чекор 3: Кога пилешкото ќе биде при крај, парчињата ставете ги во аглите од тавата и во неа почнете да го ставате зеленчукот.
На тиквичките ставете им масло, зачинете ги и ставете ги на средината од Грил тавата. По рабовите наредете ги доматите и црвениот кромид и оставете го целиот зеленчук да добие боја во Грил тавата.
Свртете ги тиквичките исто како и пилешкото за да добиете убав визуелен ефект!
Чекор 4: Време е за сервирање: Украсете ја чинијата со балсамирана глазура и потоа наредете ја храната користејќи ги сопствените креативни идеи. Ние овде ги редиме тиквичките и пилешкото во слоеви, доматите ги ставаме од страна, а црвениот кромид по работ на чинијата.
СОВЕТ: Бидете креативни со Грил тавата во текот на летото, одбирајќи свежи состојки по поволни цени. Можете да ставите и кришки домати, модри патлиџани или да готвите риба или свинско месо. За оние од вас кои сакаат малку повеќе енергија, јадењата можете да ги сервирате со тестенини или компири.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Грил тава