11
сеп
2015
Видео рецепт: Брзи полнети компири со болоњезе
Фичо ќе подготви брз и многу лесен ручек од полнети компири и месо со болоњезе сос. Погледнете го видеото за да дознаете како!
Подготовка
Чекор 1: Во садот за сос ставете 300 мл вода. Додадете го Фантот за шпагети болоњезе и мешајте 5 минути додека да згусне.
Чекор 2: Свинското каре ситно исечкајте го и запржете го, па промешајте го со Фантот. Ставете ги компирите да се варат. Сварените компири издлабете ги и наполнете ги со Фант смесата. Изрендајте кашкавал и ставете ги компирите да се печат на 200 степени околу 20 минути.
Чекор 3: Сервирајте го со млако кромидче.
СОВЕТ: Наместо Фант за шпагети болоњезе, може да користите Фант за сос болоњезе.