6
фев
2015
Видео рецепт: Брз Нутела десерт
Фичо ќе направи едноставен десерт со подлога од бисквити и крем со Нутела.
Подготовка
Чекор 1: Чајните колачиња сомелете ги со блендерот. Измешајте ги со кафеавиот шеќер и путерот од кикирики и смесата префрлете ја во теглата за послужување.
Чекор 2: Со миксер изматете ги белките со шеќерот, додадете ја Нутелата и кршените лешници.
Чекор 3: Наполнете ја теглата со кремот и ставете ја во фрижидер да се разлади.
СОВЕТ: Сервирајте во чаша или во тегла, па однесете ја на подарок.
Ако прашуваш за мерките - се однесува на стандардните мерки за шолја од 240мл.