Испечати

Видео рецепт: Брз Нутела десерт

Видео рецепт: Брз Нутела десерт

Состојки

  • За ОСНОВА ќе ви треба:
  • 2 шолји мелени чајни колачи
  • 1 шолја растопен путер
  • 1/4 шолја кафеав шеќер
  • 2 преполни лажици путер од кикирики
  • За КРЕМ ќе ви треба:
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 4 белки
  • 1/4 шолја Нутела крем
  • една рака искршени лешници

Фичо ќе направи едноставен десерт со подлога од бисквити и крем со Нутела.

Подготовка

Чекор 1: Чајните колачиња сомелете ги со блендерот. Измешајте ги со кафеавиот шеќер и путерот од кикирики и смесата префрлете ја во теглата за послужување.

Чекор 2: Со миксер изматете ги белките со шеќерот, додадете ја Нутелата и кршените лешници.

Чекор 3: Наполнете ја теглата со кремот и ставете ја во фрижидер да се разлади.

СОВЕТ: Сервирајте во чаша или во тегла, па однесете ја на подарок.