Фичо ќе ни даде идеја за брз, вкусен и раскошен појадок на италијански начин. Ние ова би го јаделе во секое време!

Подготовка

Чекор 1: Исецкајте ги пиперките, кромидот и лукчето. Во тавата загрејте малку маслиново масло и пропржете ги исечканите состојки. Зачинете со сол и тргнете на страна.

Чекор 2: Готовото лиснато тесто расукајте го и постелете го во Ростер тавата. Врз лиснатото тесто наредете ги парчињата варена шунка и италијанска салама. Изматете ги јајцата и сипете ги и нив во Ростер тавата. Потоа пржените пиперки со кромид и лук.

На крај додадете го и ренданиот кашкавал.

Чекор 3: Печете во загреана рерна на 175 степени 30 минути.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Не го сечете веднаш, оставете го да одмори 10-15 минути!