ПРИПРЕМА
1. Во сад измешајте ги двете врсти на шеќер, зејтинот и џемот.
2. Измешајте ги брашното, пецивото, содата бикарбона, ванилата и какаото.
3. Во смесата од брашното ставете ја смесата од џемот и зејтинот-измешајте па додадете го јогурот измешан со млекото.
4. Сето ова добро го измешајте и ствете во долгнавеста модла - 26х12 см
5. Ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степена околу 40 минути.
6. На тивок оган стопете го маргаринот, чоколада и павлаката која ја прелевате врз колачот веднаш кога го извадите од рерната.
Оваа Џејми Лејди се спрема многу лесно, рецептот е на уште поголема дама Дарвина, а во 2010 година хит на коолинариката. Кога го читав рецептот кој ги полнеше страниците толку многу познато ми звучеше, отворив нотесот... гледам кај мене запишана како Колач без јајца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани