Јајце на леб
Ај малку поинаку спремано јајце. Ова за 1-една особа, значи за секоја особа посебно по едно јајце спремано на овој начин
1. Одделете ја белката од жолчката.
2. Со малку сол изработете ја белката во црвст снег, изрендајте малку сирење и внимателно измешајте.
3. На едно парче леб ставете од сувомесниот произвот кој сте го исекле тенко и во големина колку што е парчето леб, врз него ставете ја белката, направете вдлабнатина или со нож на средината засечете, токму овде ставете ја жолчката.
Посолете малку, можете да ставите и магданос и мелен бибер, дури може да ставите и малку зејтин врз жолчката, ставете во рерна да се печи. Печете толку време колку што сакате да ја вие јадете жолчката, допечена, само запечена (како јас што ја сакам) - тоа останува вие да си изберете, секој си знаете како сакате да ја јадете.
Верувајте дека не само што е декоративно, туку има поинаков шмек кој го дава самата белка со сирењето и сувомеснатото под белката.
- Денес јас имав интегрален леб, сосема тенко парче сланина, одлично е, но бидејки постам, слушав гостите како велеа м.м.м.мм. - вкусноооо!
Лиценца: Сите права се задржани