Брз летен десерт, да се освежиме во топливе денови.

Подготовка:

1. Поставете го готовиот пандишпан и попрскајте го со млеко да упие. Премачкајте го со мармаладот од јагоди. Јас користев со парчиња јагоди во него. Сето тоа го редам во округли калап за колач.
2. Кремот го спремам така што ги помешувам сите состојки заедно со миксер. Во киселата павлака го мешам и желатинот, па го додавам и промешувам да се соедини добро. Ја поставувам и таа смеса во калапот каде претходно од страните нанесов убаво пресечени половинки од јагода. Видете на сликите.
3. Откако го нанесов и кремот, редам јагоди по површината, па ја постилам и глазурата. Оставам да излади, па служам.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови