Испечати

Јагода торта со филаделфија

Јагода торта со филаделфија

Состојки

  • 1 готов пандишпан за торта
  • 200мл млеко
  • 5лажици мармалад од јагода
  • 500 гр свежи јагоди
  • 2паковки глазура од јагоди тортенгуст
  • Крем
  • 2паковки филаделфија крем сирење
  • 500мл слатка павлака
  • 150гр кисела павлака
  • 1 паковка желатин

Подготовка

Брз летен десерт, да се освежиме во топливе денови.

Подготовка:

1. Поставете го готовиот пандишпан и попрскајте го со млеко да упие. Премачкајте го со мармаладот од јагоди. Јас користев со парчиња јагоди во него. Сето тоа го редам во округли калап за колач.
2. Кремот го спремам така што ги помешувам сите состојки заедно со миксер. Во киселата павлака го мешам и желатинот, па го додавам и промешувам да се соедини добро. Ја поставувам и таа смеса во калапот каде претходно од страните нанесов убаво пресечени половинки од јагода. Видете на сликите.
3. Откако го нанесов и кремот, редам јагоди по површината, па ја постилам и глазурата. Оставам да излади, па служам.
Нека ви е слатко.