Штрудла со јаболка и кора од портокал и лимон
Постапка
1. Сируп-600гр шеќер се растопува во 700мл вода и се остава на оган да зоврие. Се става ванилата и готовиот сируп се трга на страна да олади.
2. Се растопува 100гр путер и во него се додава неколку лажици масло.
3. Јаболката се лупат и рендаат и во нив се додава неколку лажици шеќер и 3 лажици гриз и кора рендана од портокал.По желба во филот може да се додаде ореви,суво грозје и цимет.
4. Се земаат две кори и се спојуваат, а меѓу нив се прска со путерот и маслото. Се става од филот и се витка во ролат. Се ставаат ролатите во плех од рерна се сечат се попрскуваат со масло и се печат на 200С додека да поруменат.
5. Врелите ролати се преливаат со ладен сируп.На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани