Штрудла со фил од јаболка
Еве и од мене еден рецепт во низата на зададената тема....
Мека, вкусна, а како ќе ви замириса куќата додека ја печите..мммм....
За ужинка, но и за појадок со шоља млеко-совршена.
Во просеаното брашно се прави вдлабнатинка се додава изронетиот квасец, лажичето шеќер и се раствора со топла вода. Штом ни се активира квасецот ги додаваме останатите состојки, сем путерот и замесуваме средно меко тесто. Оставаме на топло да го дуплира волуменот.
Надојденото тесто го истресуваме од садот во кој сме го замесиле, на намрсена подлога и го делиме на 3 дела. Премесувањето да биде на кратко, да не се истисне воздухот од тестото. Со оклагија отвораме 3 правоаголни кори.
Секоја кора ја премачкуваме со путерот кој сме го растопиле. Од тие 100-на грама можи да ни остани, значи мачкаме нормално. Потоа нанесуваме од филот. Виткаме во ролати. Им ги отсекуваме нерамните краеви. Префрлуваме на пек хартија и плетеме плетенка. Ја ставаме во плех.
Оставаме да надојде некои 30мин..
Пред печење премачкуваме со малку растопен путер и богато наросуваме со сецкани ореви и ванилин шеќер.
Ставаме да се печи во загреана рерна.Времетраењето зависи секако од вашата рерна, а кај мене е 45мин. на 180 Ц. степени.
После печење премачкуваме нежно со масло и наросуваме со шеќер во прав.
Послужуваме убаво изладено. Можи уште еднаш тогаш да наросиме со шеќер во прав.
Филот го спремаме на следниов начин
Путерот го топиме и загреваме, го додаваме гризот и убаво го пржиме.
Потоа ги додаваме ренданите и убаво исцедените јаболка, па пржиме - динстаме.
Ги додаваме двата вида на шеќер.
На ред се мелените ореви, па попареното и исцеденото суво грозје.
Зачинуваме со малку цимет.
Го оставаме филот да излади, па ги филоваме корите.
Лиценца: Сите права се задржани