Штипска сарма
Едно од моите омилени јадења. Овој рецепт го применувам повеќе години, поради фактот што, покрај другите испробани рецепти за сарма, овој ми е омилен. Потеклото на овој рецепт е од градот Штип, од една стара штипска фамилија.
Подготовка
1. Најпрво, во еден сад, се вадат листовите од киселата зелка, да бидат спремни.
2. Исецканиот праз и исецканиот кромид се запржуваат во тава, со масло. Потоа, се додава оризот, црвениот пипер, зачинот. Се запржува уште 2 минути и тавата се трга од оган.
3. Во секој лист зелка се става по една полна супена лажица од оризот, се мотаат и се редат во длабоко тенџере обложено со листови зелка одоздолу. Се полеваат со расолница (треба сите сарми да бидат потопени и расолницата да излегува на површина). Одозгора, се редат неколку листови од зелката.
4. Се печи во рерна на 200 степени околу еден час.
Добар апетит!
Забелешка
Доколку расолницата е многу солена, може да се разреди со вода.
Лиценца: Сите права се задржани