27
мај
2014
Штангли со ореви и сок од портокал
Прво се мати белката со шеќерот па се додаваат растопените 60 гр чоколадо, оревите, бисквитите.
Сега постепено се додава сокот од портокал (околу 100 мл) или онолку колку ви е потребно за да замесите убаво тесто кое не се лепи.
Смесата се расплескува на даска за колачи.
Убаво се рамни и прво се нанесува белата глазура, а врз неа се нанесува црната глазура.
Се остава да се стегни, па се сечи на штангли и се декорира по желба.
Лиценца: Сите права се задржани